Судијата од Апелацискиот суд Скопје, Ѓоко Ристов, е во фокусот на јавноста откако во домот на неговите родители во ѕид беа најдени 350 илјади евра.
Истрагата за случајот ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а тој е осомничен за „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како биле откриени 350. илјади евра во домот на судијата Ѓоко Ристов
Моментално е во куќен притвор, а остана и без пасош и судски имунитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судијата Ѓоко Ристов остана без имунитет и пасош, оди во куќен притвор
На кои случаеви работел
Кога беше судија во Основниот кривичен суд Скпје, Ристов го судеше предметот „Метастаза“, кој се однесува на злоупотреби со инвалидски пензии, предметите „Албатрос“, Бумеранг“, кои се однесуваат на земање на мито од страна на службеници, предметот „Изгрев“, кој се однесува за злоупотреби на имот на МПЦ, предметот „Тотал“, случај кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), во кој беше обвинет новинарот Драган Павловиќ – Латас…
Во 2020 година стана судија во Апелација, а таму одлучуваше во предмети поврзани со поранешниот шеф на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, отворени од СЈО, “Трагет-Тврдина“, кој се однесува на масовното прислушување, како и „Трезор“, кој се однесуваше на набавка на британска опрема за следење на електронските комуникации.
Беше судија известител и за предметот на СЈО, “ТНТ“, кој се однесува на рушењето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
350. илјади евра не биле на Ристов, туку нивни, тврдат родителите на судијата
Каков имот пријавил судијата Ѓоко Ристов, во чиј дом се најдени 350.000 евра, скриени во ѕид














