Пред изборите во Унгарија се најавува секс скандал во кој наводно се инволвирани лидерот на опозициската партија Петер Маѓар, кој важи за фаворит и потпретседателот на партијата, Тиша Марк Раднај.
Истиот е најавен на веб страната radnaimark.hu, а тамошните медиуми пишуваат дека се однесува на нивно наводно учество во оргија.
Раднај за 444.hu изјави дека изминатиов период слушнал за обиди да го поврзат со хомосексуална врска. Тој вели дека тврдењата се неосновани и дека нема таква врска.
Маѓар пак вели дека од партијата на премиерот Виктор Орбан, Фидес, планираат да објават видео на кое е со неговата тогашна партнерка.
Вчера на веб страната имаше фотографија од празен кревет со натпис “Coming soon” (наскоро), а денеска има нова најава, со појаснување дека се работи за настан кој се случил на 8. март 2024 година.
Парламентарните избори во Унгарија треба да се одржат на 12. април, а партијата на Орбан е 16 години на власт.
Фото: radnaimark.hu














