„Приказната за Силјан” вечерва премиерно на National Geographic

Македонскиот документарец “Приказната за Силјан” на режисерката Тамара Котевска, вечерва ќе има премиера на National Geographic TV.

Како што е познато, документарецот кој освои бројни награди на филмски фестивали низ светот е откупен од National Geographic Documentary Films, еден од најреномираните светски дистрибутери на документарни остварувања.

Откупот од National Geographic Documentary Films значи дека „Приказната за Силјан“ станува дел од глобалниот каталог на еден од најреномираните дистрибутери на документарни филмови во светот. Тоа му овозможува на филмот да стигне до публика во над 170 земји преку каналите на National Geographic и Disney+.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) „Силјан не е приказна тој е огледало“: Многу важни пораки испрати Приказната за Силјан, на македонската премиера во МНТ

National Geographic Documentary Films ја откупи „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести