New York SEC ја акредитираше Prime Capital powered by Adora како прва инвестициска консултанска компанија со македонски капитал со седиште на Вол Стрит.
Со формирањето на „Prime Capital powered by Adora” на Волстрит во Њујорк, компанија основана од македонски основачи и капитал за првпат добива своја институција во срцето на глобалната финансиска сцена.
Како прва инвестициска консултантска компанија со македонско потекло одобрена од U.S. Securities and Exchange Commission (SEC), Prime Capital веќе е позиционирана меѓу водечките играчи на финансискиот пазар.
Со седиште на Волстрит и лиценца што овозможува работа со клиенти ширум светот, компанијата успешно ги спојува светските можности со македонската претприемачка енергија.
Во моментов Prime Capital соработува со инвеститори од Блискиот Исток, Азија и Европа, а истовремено е во напредна фаза на купување и ребрендирање на инвестициски фонд во Северна Македонија. Ова ќе им овозможи на домашните инвеститори директен пристап до глобалните пазари и услуги.
Овој нов потфат е логично продолжение на успешниот пат на Adora Business Group, една од водечките и најразвиени бизнис групации со македонско потекло. Со над една милијарда евра инвестиции во банкарство, енергетика, недвижности и финансиски пазари, Aдора одамна го има зацврстено својот углед како стратешки инвеститор со институционална стабилност.
Портфолиото на Адора вклучува над 500.000 метри квадратни метри недвижности, позиција на најголем акционер во Комерцијална банка Скопје, целосно регулирано производство на топлинска енергија за градот Скопје, како и искуство и учество на домашните и меѓународните берзи.
Prime Capital е предводена од ко-основачите Душко Чифлиганец и Иван Ивановски — двајца лидери со различен но комплементарен профил.
Чифлиганец е долгогодишен претприемач и инвеститор, кој преку Adora Business Group воспостави стратешко дизерфицирано инвестиционо портфолио кое овозможува долгорочна вредност.
Ивановски, го носи технолошкиот и глобален аспект во партнерството. Како основач на Venikom, глобално призната ИТ компанија која соработувала со брендови како Heineken, AXN, Nike, T-Mobile и други, и добитник на Apple Design Award, тој се етаблира како водечки иноватор.
Преку едукативната платформа MasterClass.mk, досега има обучено над 2.000 инвеститори и ентузијасти. Дополнително, со основањето на Support Kochani, Ивановски се истакна и како општествено одговорен лидер.
Нивната заедничка визија ја обликува Prime Capital како независна консултантска платформа насочена кон стратешки капитал, иновативни решенија и управување со ризик. Портфолиото вклучува инвестиции во сектори со голем потенцијал: вештачка интелигенција, финтек, енергетска транзиција и одржливи технологии.
Според основачите, Prime Capital powered by Adora не е само уште една консултантска компанија, туку визионерска платформа изградена врз искуство и иновација, со јасна мисија — да обезбеди стабилен, сигурен и континуиран раст на капиталот, со целосна посветеност кон довербата и сигурноста на инвеститорите.
Како што е истакнато на веб-страницата на компанијата, Prime Capital применува внимателна стратегија за распределување на капиталот што обезбедува стабилен раст и оптимално искористување на пазарните можности.
Оваа платформа не е само консултантска компанија.
„Prime Capital powered by Adora” е новата врска меѓу регионалниот капитал и светските финансиски практики, носејќи докажани пристапи и модели што досега беа недостапни за локалните инвеститори.
Повеќе информации: https://theprime.capital