Владата во овој период нема правна можност да преземе конкретни чекори за продолжување на процесот за разрешување на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, одговори денеска на новинарско прашање премиерот Христијан Мицкоски.
„Сега и да сакаме не можеме да преземеме ништо, бидејќи влегуваме во процес на распишани избори. Изборите веројатно ќе се распишат кон крајот на следната недела. Така што сите процеси за избор и именувања поради ограничувањата на законот ќе бидат стопирани. Од ноември ќе продолжиме со тој процес таму каде што застанавме,“ рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е јавниот обвинител Љупчо Коцевски, на кого во Собранието му беше изгласана недоверба
Во Собранието изгласана недоверба за јавниот обвинител Љупчо Коцевски
Каков имот пријавил јавниот обвинител Љупчо Коцевски, на кого Собранието му изгласа недоверба
Фото: Собрание