Промоцијата на Фондацијата „Фросина Кулакова“ наместо во Станица 26, ќе се одржи во ресторан „Везилка“

Промоцијата на Фондацијата „Фросина Кулакова“ наместо во Станица 26, ќе се одржи во ресторан „Везилка“, утре (29. јануари) со почеток во 19 часот.

„Вечерта ќе ги обедини уметноста, музиката и општествената одговорност во една заедничка порака за грижа, правда и свесност. Во рамки на настанот ќе бидат изложени и ставени на хуманитарна аукција дела од македонски уметници и креативци, а средствата собрани од донаторската вечер ќе бидат наменети за обезбедување психосоцијална и правна поддршка за семејствата погодени од сообраќајни трагедии, како и за идни активности за превенција и подигнување на јавната свест.

Посебен и емотивен момент на вечерта ќе биде претставувањето на химната „Фросина“, отпеана од познатиот автор Александар Митевски заедно со Хорот ФРИДА под водство на Сузана Турунџиева, со текст на Огнен Неделковски,“ се вели во соопштението.

Фондацијата „Фросина Кулакова“ е основана од семејството на трагично починатата Фросина Кулакова со цел да создаде долгорочна и одржлива платформа за подигнување на јавната свест за безбедноста во сообраќајот, за развој на кампањи за општествена одговорност и за обезбедување психосоцијална и правна поддршка за семејствата кои се соочуваат со последиците од сообраќајни несреќи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести