Промовирана коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во која учествуваат 25 партии

Kоалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ заеднички ќе настапи на локалните избори, а беше промовирана од претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

„Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е убедливо најголемата коалиција која е составена од 25 партии кои се од различен карактер и во голема мера го претставуваат колоритот во македонското општество. Различни структури припадности што само потврдува дека се обединуваме околу заедничка платформа, што подразбира обезбедување на иднина и развој,“ рече Мицкоски.

Тој додаде дека овие локални избори се важни за иднината на државата, бидејќи локалните самоуправи директно се надележни да ги решаваат проблемите на граѓаните.

Фото/Принтскрин видео

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести