Резолуцијата во врска со напредокот на Македонија во процесот на пристапување кон Европската унија (ЕУ), која едногласно пред неколку дена беше изгласана во бугарскиот Парламент, со која Планот Б за европскиот пат на земјава станува речиси невозможен е навредлива, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема да има план Б за Македонија, Бугарија си изгласа и резолуција за тоа
Македонската претседателка подвлече дека со истата во старт се оневозможува заедничкото чекорење низ дијалог.
-Ова е уште една, веќе имало неколку резолуции, меморандуми и сите се повикуваат на нив. Се разбира, навредливо е такво нешто да се направи зашто во стартот го оневозможувате заедничкоот чекорење низ дијалог.
Суштината на Преамбулата во Договорот за добрососедство и пријателство е таа, да помагаме. Можете да помогнете некому со разбирање. Мислам дека не е во ред. Се разбира, во друга држава сега би следела иста таква декларација во Парламентот, но мислам дека аргументите што ги изнесуваме, иако многу велат ништо не сме правеле во овој период, јас тврдам дека немало претседател, министер, премиер со кој сум седела, а не сум му ги објаснила нашите позиции ама не низ призма на нашиот Устав, туку низ призма на нивните уставни документи.
Ако не се почитуваат тие, тогаш не може ЕУ да биде филозофија оти филозофија, што би рекол господинот Макрон, ама и студентите на Сорбона, без почитување принципи и вредности нема, без нив ЕУ не е политичка заедница, туку е политичка и бирократска машинерија.
Тоа не треба да биде ЕУ и сите сакаме да бидеме во ЕУ зашто е инспиративна или според актите, а и според постапувањето токму во поглед на почитувањето на овие принципи и вредности, рече таа.
Таа исто така не можеше да прецизира дали на престојниот Самит на НАТО во Хаг, Холандија, ќе има средба со нејзиниот бугарски колега Румен Радев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонците ги нема, а кои малцинства ги има во бугарскиот владин Совет
Фото: Кабинет на претседателката