Нема дилема Сиракуза, чие јадро е под заштита на УНЕСКО е музеј на отворено. Можат да се видат многу убави работи од различни периоди на историјата на овој италијански град на островот Сицијала, но ако некогаш Ве однесе патот таму, задолжително посетете го археолошкиот парк Неаполис, каде ќе имате можност да се прошетате низ 2.000-годишна историја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Сиракуза – бисерот на Сицилија











Дел од паркот е и античкиот грчки театар, каде творел познатиот математичар, астроном и пронаоѓач Архимед, родум од Сиракуза, кој е познат по изреката „Еурека“ и кому му се припишуваат изумите како лост, сврдел и смртоносниот зрак.
Една од фасцинантните атракции во овој музеј на отворено е и Увото на Дионисиј – уникантна пештера, висока 23 метри, која наликува на човечко уво и е со одлична акустика.
На влезот во Неаполис меѓудругото се наоѓа и Римскиот амфитеатар, кој некогаш имал 15.000 седишта, и се користел за крвави гладијаторски борби до смрт. Таму за првпат е забележан базен каде влегувале гладијаторите и никогаш не знаеле што ги чека во водата.
Продолжува…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Плажите во Сиракуза
(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Dancing on the street во Катанија во Сицилија
Фото: еМагазин