КХВ одобри Раде Кончар – ТЕП да даде понуда за целосно преземање на Раде Кончар – Апаратна техника

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) одобри Раде Кончар Трансформатори и Електрични постројки (ТЕП) ДООЕЛ Скопје да даде понуда за целосно преземање на Раде Кончар – Апаратна техника АД Скопје.

Раде Кончар – ТЕП, како што веќе пишуваше еМагазин, нуди 2.435 денари за акција, а Друштвото сака да ги преземе сите 151.709 обични акции со право на глас издадени од Раде Кончар – Апаратна техника.

Раде Кончар – ТЕП и поврзани лица веќе поседуваат 51.557 обични акции.

Понудата не важи и за 2.964 обични акции на кои им е регистрирано ограничување на правото на глас, кои ги поседува Раде Кончар -ТЕП.

Рокот за прифаќање на понудата почнува од денот на првото објавување на понудата, а ќе заврши по 28 календарски денови од започнувањето на рокот за прифаќање на понудатa.

Во истата не е утврдена најмалата количина акции како праг од кој ќе зависи успешноста на понудата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раде Кончар-ТЕП сака целосно да ја преземе Раде Кончар – Апаратна техника

Кои се најголемите акционери во Раде Кончар – Апаратна техника, кој целосно сака да го преземе Раде Кончар – ТЕП

Поради намерата за преземање, Раде Кончар – Апаратна техника ставен на Листата за набљудување на Македонската берза

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести