Раста не одржа концерт во Охрид, бил уапсен поради марихуана

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ-Раста синоќа не настапуваше пред публиката во Охрид, бидејќи бил приведен во полицијата заради марихуана.

„На 03.08.2025 во 00.10 часот на стадионот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишиле С.Ѓ.(36) од Белград, Република Србија, кај кого при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Раста требаше да настапи иста вечер со Џејсон Деруло.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести