Премиерот Христијан Мицкоски рече дека засега нема да има реконструкицја на Владата, иако ќе се размислува за одредени кадровски поместувања додека траат подготовките за партискиот конгрес кој ќе се одржи на 6 декември во Кавадарци.
„Потоа нормално формирање на партиската структура, Извршниот комитет, Општинските комитети, другите структури што се во рамки на партијата и во меѓувреме додека сето тоа трае ќе размислуваме за одредени кадровски поместување во рамките на Владата.
Јас сум подготвен со секого да разговарам, апсолутно тука нема никаква дилема, во рамките на коалицијата, но се разбира мандатар на таа Влада сум јас, така што нормално е дека последниот збор како мандатар на Владата ќе го имам јас,“ одговори Мицкоски на новинарско прашање за рекоснтрукцијата која неодамна ја најави по завршување на изборите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














