(Видео) Кинеска фирма престави хуманоиден робот кој го остави светот без здив

Кинеската компанија „Шао Панг моторс“, го престави хуманоидниот робот Ајрон, кој по движењата толку многу наликува на човек, па за време на неговото преставување тој беше отворен на сцена за да се докаже дека е само робот.

Истиот има флексибилен, „човечки“ ‘рбет, зглобови што се виткаат во повеќе насоки и вештачки мускули што му овозможуваат да се движи речиси идентично како луѓето. Има 82 степени на слобода на движење, вклучувајќи 22 во секоја рака, што му овозможува да се витка, да се врти и да гестикулира речиси како вистински човек.

Со помош на вештачка интелигенција роботот може да толкува визуелни информации и да реагира физички, без да мора да го „преведува“ она што го гледа во јазични команди.

Се напојува со три процесори со вештачка интелигенција со комбинирана моќност од 2.250 трилиони операции во секунда, што го става во групата на најмоќните хуманоидни роботи кои постојат денес.

Фото/видео: DPCcars

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести