Ден на македонски јазик во Романија на 6. декември

Националниот музеј на романската литература во Букурешт, заедно со Амбасадата на Македонија во Романија, на 6. декември во 18 часот организираат манифестација по повод Денот на македонскиот јазик во Романија.

Почнувајќи од 2018 година, 8. Декември добива посебно значење за македонската заедница во оваа земја и воопшто за Македонија, со донесувањето и прогласувањето на законот (бр.214/27.07.2018) со кој, во Романија ќе се одбележува Денот на македонскиот јазик.

На настапот ќе зборуваат др. Јоан Кристеску, генерален директор на НМРЛ-Букурешт, в.д.амбасадорот на Македонија во Романија, Златан Беговиќ и комесарот на манифестацијата, Јане Теохаревски.

Во рамките на богатата програма, реализирана од историчарот на уметност Марика Теохаревска, во 19 часот предвидено е отварање на изложбата на инфографика насловена „Макало”, на графичкиот дизајнер и типограф Ласко Џуровски. Изложбата ќе трае до 15. декември.

Манифестацијата е овозможена со финансиска помош на Лотарија на Македонија.

Изложба на Ласко Џуровски

Во Националниот музеј на романската литература во Букурешт, Романија, на 6. декември ќе биде отворена изложбата на инфографика на македонскиот графички дизајнер Ласко Џуровски, насловена „Макало”.

На неа ќе бидат презентирани неколку фонтови на македонското кирилично писмо кои, Џуровски ги создал со различни инспирации: „Макало” – од македонското културно наследство, везови, шари или цртежи од македонските цркви и стари ракописи; „Рацин” – инспириран од оригиналните ракописи на Коста Солев Рацин; „Аманет”- фонт инспириран од специфичниот напис на sидот во црквата Воведение на Пресвета Богородица; „Лазар”- со директна инспирација од формите и написите од македонските цркви, манастири и икони и, „Глаголица Нова”- современа дигитална интерпретација на старата Глаголица, прилагодена за едноставна примена во денешната компјутерска технологија.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести