Најмногу работници се бараат во услужните дејности и продажбата

Во второто тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата, соопштија од Државниот завод за статистика.

Стапката на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година изнесува 2.08%, а најголем број на слободни работни места, 2.008, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба.

Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.54%.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.77% има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0.36%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 лица имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.69%.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести