Кои се најголемите акционери во Стопанска банка Битола, од кои зависи дали банката ќе биде купена од Алта банка

Стопанска банка АД Битола е во фокусот на јавноста откако и официјално српската Алта банка АД Белград ја објави понудата за нејзино купување.

Оваа е втор обид за купување на Стопанска банка Битола. Лани нејзе сакаше да ја купи Комерцијална банка АД Скопје, но не успеа во тоа, бидејќи не сите акционери на Стопанска банка Битола сакаа да ги продадат своите акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алта банка преку Комерцијална банка ја достави понудата за преземање на Стопанска банка Битола

Алта банка, како што веќе пишуваше еМагазин, нуди 3.777 денари за акција, а Комерцијална банка нудеше 3.200 денари по акција.

Кога понудата ќе се смета за успешна

Алта банка сака да купи 371.528 акции на Стопанска банка Битола, а таа веќе заедно со поврзани лица поседува 19.439 акции на Стопанска банка Битола.

Понудата која трае до 10. октомври ќе се смета за успешна доколку бидат преземени 273.295 акции, кои  претставуваат 70,03 проценти од вкупниот број акции на Стопанска банка Битола.

Во тој случај заедно со акциите кои веќе ги поседува, српската банка би поседувале 75 проценти плус една акција од вкупниот број на акции на Стопанска банка Битола.

Кои се најголемите акционери во Стопанска банка Битола

Како и со обидот за купување на Стопанска банка Битола лани, и овојпат се зависи од акционерите на Банката.

Најголем акционер во Стопанска банка Битола е Пелистерка АД Скопје, која поседува 16,99% од акциите на Стопанска банка Битола.

Помеѓу поголемите акционери се и Тони Јосифовски, Алта Груп (во чија сопственост е Алта банка), Орка холдинг АД Скопје, Скопски пазар АД Скопје…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Алта Банка која сака да ја преземе Стопанска банка Битола

Српската Алта банка доби дозвола од КХВ да даде понуда за купување на Стопанска банка Битола

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од страна на Алта Банка

Фото: Стопанска банка Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести