По Катанија, кој е преголем за мене и премногу хаотичен град, Сиракуза, ми дојде како вистинско освежување и не ми требаше многу да сфатам дека оваа е вистинско место за одмор. Бев среќен што токму овој четврти по големина град на италијанскиот остров Сицилија го одбрав за база на моето патување во Италија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Dancing on the street во Катанија во Сицилија





















Одличен за пешачење
Градот многу лесно може да се пропешачи, а и тоа ми беше идејата, да направам што е можно повеќе чекори на оваа патување.
Освен што е компактен, многу е поубав од Катанија, а е и поприлично почист, но и потивок.
Луѓето се прекрасни и услужливи, а градот е преплавен со туристи од целиот свет.
Островот Ортигиа
Јадрото на градот (островот Ортигиа), кој е наследник на истоимениот старогрчки град, местото каде што живеел и старогрчкиот математичар, физичар и инжнинер Архимед, е под заштита на УНЕСКО и има околу 122 илјади жители.
Островот Ортигиа кој со мостови е споен со копното и многу потсетува на Дубровник во Хрватска е главното место на случувања, од забава до храна и градски плажи.
Така да заборавете на гугл мапс, опуштете се и изгубете се по тесните улички на Ортигиа и преку ден и преку навечер, цело време ќе имате некое пријатно изненадување.
Да споменам и дека Сиракуза е сместена во крајниот југозападниот дел од Јонското Море.
Повеќе за плажите, што да се посети и други “типс“ во следните продолженија.
Продолжува…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Плажите во Катанија
(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Плажите на Малта
(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Во Малта се е под конец
Фото: еМагазин