Како и што најави, американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 10% за осум европски земји, членки на НАТО, оти се на страната на Гренланд, остров кој е дел од Данска, а кој САД сака да го преземе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови царини за земјите кои не го подржуваат преземањето на Гренланд од страна на САД, најави Трамп
Истите ќе се применуваат од 1. февруари, а ќе останат на сила сѐ додека не се постигне договор за целосно преземање на Гренланд од страна на САД.
Мерката се однесува на Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска.
Со претходните царини од 15%, сега производите кои овие земји ќе ги извезуваат во САД ќе имаат царина од 25%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Словенија испраќа војници на Гренланд
Дел од овие земји веќе испратија војници на Гренланд.
Мерката предизвика бура од реакции. Бројни европски функционери и лидери порачаа дека истата е неприфатлива, дека нема да дозволат уцени, дека е поткопување на трансатланските односи…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Венецуела има нафта, а што има Гренланд што му треба на САД?
Колку милијарди долари вреди Гренланд според проценката на САД
Како Гренланд стана дел од Данска
Фото: Унсплеш













