Веста дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран ноќеска во близина на „Бетон хала“ во Белград е точна, потврдија од неговиот ПР-тим.
„Зборував со Даниел пред малку, добро е. По ноќта помината во полиција, сега е дома.
Она што можеме да го потврдиме е дека полицијата трага по непознатите сторители кои се странци, кои го врзале и го возеле во неговиот автомобил барајќи му 20.000 евра. Возеле накај Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да ги запре. Возилото удрило во банкина, киднаперите излегле од автомобилот и избегале.
Даниел потоа поминал неколку часа во полициска станица.
Од она што го чув од Даниел во краткиот разговор, ми се чини дека многу смирено и храбро се соочил со киднаперите. Сега му е потребен мир и во интерес на полициската истрага нема да дава изјави,“ напиша неговиот ПР, Миланка Рашиќ на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото/Кајмакоски-Фејсбук














