Мијалков демантира дека поседува земјиште во Морани

Фокус објави дека Агенцијата за управување со одземен имот на јавно наддавање по електронски пат ќе продава конфискувано земјиште на поранешниот директор на поранешната Управа за разузнавање и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков во Морани.

Информацијата на Фокус ја пренесе и еМагазин.

На објавата на Фокус реагираше Мијалков, кој вели дека вистината е дека никогаш не го поседувал и немал никаква поврзаност со тоа земјиште и заради тоа не можело да му биде конфискувано.

-Целиот текст е лажна сторија во која моето име непотребно се врзува со земјиштето кое е предмет на огласот распишан од Агенцијата за управување со одземен имот.

Најостро ги демантирам вашите наводи за каква било моја поврзаност со земјиштето кое е предмет на оваа наддавање. Заради зачувување на новинарската етика очекувам оваа моја реакција да биде објавена во целост, како и извинување на истиот простор на вашиот медиум како што беше објавен текстот.

Во спротивно ќе бидам принуден да барам заштита во соодветна судска постапка, се наведува во демантот.

Редакцијата на еМагазин се извинува за пренесувањето на информацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата ќе треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков и на другите обвинети за масовното прислушување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести