Фудбалскиот клуб Брегалница доби нов сопственик – бившиот турски фудбалски репрезентативец Мурат Шамин Шен, кој играл за неколку клубови од Турција, Германија и Обединетите Арапски Емирати.
Како што најави на прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, сите формалности за трансферот ќе се случат во следните денови, а Општината отсега ќе ги помага само младинските категории.
Новото раководство на клубот најави дека на Градскиот стадион во Штип наскоро ќе почне изградба на втората трибина и ќе се направи санација на теренот.
Мнозинскиот пакет на акции на клубот досега го поседуваше штипскиот бизнисмен Кирил Гогов, поранешниот сопственик на синџирот маркети Кит-Го, кој од 2023 година е во сопственост на косовската компанија Вива Фреш.
Фото: Општина Штип