Што да садите во градовите, кои видови растенија успеваат и од каде да ги набавите?

Колективната свест за животната средина во градовите освен што е на високо декларативно ниво, во пракса сведочиме дека со постапките  делуваме ирационално, со безумие. Како да сме позајмиле непресушен ресурс, како иднината да ни е загарантирана независно од нашето деструктивно влијание? Во многу општествени случувања и проекти немаме директно влијание. Но доколку ние самите нешто превземеме, сигурно во нашето дело ќе се препознаат и други сограѓани кои индиректно ќе бидат охрабрени за нивните сродни планови.

Доколку отпадот го селектираме и соодветно го депонираме? Доколку водата и електричната енергија ги трошиме рационално? Доколку сите вложиме малку повеќе време и ентузијазам во садење растенија и грижа за зелените површини, градовите би станале многу позелено и поубаво место за живеење.

Секое дрво е мал придонес кон голема промена. Би имале повеќе сенки на улиците и парковите, помалку прашина и загаденост, подобар квалитет на воздухот, повеќе пејзажи што повикуваат на прошетка, одмор и дружба,  помалку бетон и асфалт, и повеќе живот и боја во нашиот живот.

Што да садиме во градска средина?

Неколку видови дрвја и грмушки и перени што добро се приспособуваат на урбани услови, а не бараат премногу грижа. Ова се советите од ФОЈА!

Во градовите листопадните дрвја треба да имаат предност пред преостанатото зеленило доколку просторот е ограничен, бидејќи со нивната крошна некоку пати повеќекратно ја зголемуваат зелената површина во волумен. Како на пример : Јавор, Бреза, Даб, Габер, Јеребика, Бука, Трепетлика и многу други видови кои се отпорни на екстремни климатски влијанија и за соодветната позиција секојпат посои вид што ги поседува потребните карактеристики.

Од грмушки цветните и бујни Форзиции, Спиреи, Јасминиуми, Бербериси преку Хортензиите и Будлеите кои имаат убави цветови, добро успеваат на сонце ,во полусенка и со помалку вода. Па перените (трајните цветници), лаванда, рузмарин, божур…цветните луковици кокичиња, лалиња, зумбули кои се аватари на пролетта и не бараат многу нега, како и многу многу други….

Токму во градинарскито центар ФОЈА кој слави 20 години, во следните 20 дена од вонсерискиот асортиман на надворешни растенија со роденденскиот попуст, може да набавите квалитетни садници, со најдобриот градинарски совет . Тука ве чекаат над 470 различни видови растенија, во разни форми, бои и големини. Има за секого по нешто.

Одберете го најубавото растение! А кое е тоа? Најубавото растение е здравото, со бујна зелена и раскошна крошна. Тоа се карактеристиките на секое едно кое ќе го одберете, само доколку биде посадено на соодветна позиција и барем минимално ја добие потребната грижа! Затоа првенствено одберете соодветен вид за вашите услови и можности па потоа анализирајте ги декоративните својства.

Дрвјата, растенијата и цвеќињата прават просторот да изгледа убаво, пријатно, релаксирано и инспиративно. Не мора да се креираат големи зафати – доволно е секој човек да посади нешто, за кое може да обезбеди грижа.

Корисните ефекти од растенијата може да се сместат во една дебала книга.Независно колку ни се познати секојпат е корисно да ги повториме најесенцијалните : Апсорбираат јаглерод диоксид (CO₂) и многу други штетни гасови, прашина и токсини од воздухот . Ослободуваат кислород. Произведуваат плодови. Нивните корења спречуваат ерозија на почвата и помагаат во задржување на водата.

Зелената лисна маса ја апсорбира топлината и ја разладува околината. Позитивно влијаат врз психичкото здравје. Престојот во природа или грижата за растенија може да го намали стресот и да ја подобри концентрацијата и расположението. Со садење не само што придонесуваме кон средината, туку го креираме и нашиот интимен простор и имиџ… “со малку создаваме многу“ .

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести