Систем One Stop и на граничните премини со Албанија

И на граничните премини со Албанија ќе се воведе One Stop системот.

Истиот како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР) по средбата на македонскиот министер Панче Тошковски и неговата албанска колешка Албана Кочиу, треба да се имплементира до почетокот на туристичката сезона.

Се планира и граничниот премин „Џепиште – Требиште“ да работи 24 часа во годината, а двете земји планираат и воспоставување заеднички контроли на заедничките гранични премини и основање на Центар за полициска и царинска соработка.

„Сметам дека пред почетокот на летната сезона би можеле, како што го имплементиравме One Stop системот со Косово и со Србија, да го имплементираме и со Албанија, и да ги затвориме државите кои што не се дел од ЕУ со еден побрз трансфер на граѓаните кој што ќе ги намали чекањето на нашите граници.

Исто така ја разгледавме можноста граничниот премин Џепиште-Требиште во иднина, оној режим на функционирање кој што ги има сега, а тоа е во летен период до 8 часот, во зимски период до 18 часот, да го продолжиме согласно можностите и капацитетите на двете министерства, да функционира 24/7 во текот на годината, со тоа што ќе им овозможиме на граѓаните од едната и од другата страна да имаат подобра комуникација, да остваруваат по голем број на услуги од едната и од другата страна и да, навистина, нашата одлична соработка ја покренеме на уште едно по високо и по добро ниво“, изјави Тошковски. 

Планираниот Центар пак ќе претставува дополнителен механизам за побрза и поефикасна размена на информации, координација и заедничко делување во справувањето со прекуграничниот криминал, нелегалната миграција, трговијата со дрога и другите безбедносни предизвици.

„Склучувањето на Договорот за основање и функционирање на Центар за полициска и царинска соработка ќе придонесе за зајакнување на прекуграничната соработка и граничната контрола, како и за поефикасна борба против илегалната миграција, организираниот криминал и другите безбедносни закани.

Македонија има воспоставено четири заеднички контакт центри – на Деве Баир со Република Бугарија, Ќафасан со Република Албанија, Блаце со Република Косово и Табановце со Република Србија.

Овие центри секојдневно ја остваруваат својата основна функција за размена на информации, испраќање пораки за рано предупредување и координација во борбата против прекуграничниот криминал. Новиот Центар за полициска и царинска соработка ќе биде уште еден силен механизам во оваа мрежа“, рече Тошковски.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести