Скандинавците ќе се запознаат со убавините на Македонија, Roadshow на Македонската асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ)

Македонската национална асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) во период од 28-30 октомври, во Копенхаген, Данска и Стокхолм, Шведска, ќе реализира интензивни промотивни активности за претставување на туристичките потенцијали на нашата земја.

„НАИТМ ќе организира два настани (28.10. во Копенхаген и 30.10 во Стокхолм ) со кои ќе се претставиме пред влијателната јавност во туризмот, медиумите и туристичките инфлуенсери од Скандинавија. Во рамките на настаните ќе се остварат средби со скандинавски тур оператори, туристички агенции и асоцијации, со авио компании од овој дел од Европа, како и со влијателни туристички блогери, медиуми и инфлуенсери. Ќе се претстави земјава како автентична туристичка дестинација, со голем потенција за одржлив туризам,“ се вели во соопштението.

Roadshow-то во Скандинавија е поддржано од Швајцарската и Шведската амбасада во земјава, и нивните проекти SIPPO I RECONOMY.

Покрај македонските компании кои членуваат во НАИТМ, на овие настани ќеучествува и ТАВ Македонија со цел разгледување можности за подобро авионско поврзување со Скандинавските земји.

„Целта на ова roadshow во Скандинавија, е да предизвикаме интерес, да ја претставиме нашата убава земја како автентична дестинација.  Туристите нема да дојдат ако не ги заинтересираме и повикаме, ако немаме квалитетна промоција.

Денес не се поставува прашање дали ни е потребна туристичка промоција, тука каква таа ќе биде. Колку и да е убава една дестинација, ако никој не знае за неа, таа останува само скриено богатство, а не туристички производ, посебно денес во ера на дигитализација, ефтини летови и лесна достапност на било која дестинација”, изјави Драгана Панкова, Оперативен директор на Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ).

Скандинавците се туристи со голема куповна моќ, патници кои сакаат автентични искуства и недопрена природа, а Македонија со своите планини и езера е идеална за нив доколку ја запознаат. Би сакале да биде нивната порта кон останатиот дел од Балканот, изјавија дополнително од НАИТМ.

НАИТМ е асоцијација која ги обединува компаниите од различни сектори кои се бават со дојдовен туризам во Македонија. Ги промовира членовите и дојдовниот туризам во Македонија како еден од најважните економски сектори. Со цел унапредување на туризмот предлага законски решенија и превзема најразлични активности за промоција на туристичките сектори.

Фото/еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести