Смртни закани добива Вајц од бугарски екстремисти поради Извештајот за Македонија

Специјалниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, австрискиот европратеник, Томас Вајц и пред гласањето на Извештајот за напредокот на земјата, но и по неговото изгласување добивал смртни закани од бугарски екстремисти, откри тој во интервју за Канал 5.

Тој вели дека неговиот приватен телефонски број бил споделуван во екстремно десничарски групи на Телеграм.

– Добив смртни закани и секакви закани, а ова продолжува и по гласањето. За жал, ова тотално ескалираше во Бугарија, вели тој, посочувајќи дека цело време се води кампања за негово оцрнување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Известувачот на ЕП за Македонија, Вајц и еврокомесарката Кос, цел на клевтничка кампања и закани од Бугарија

Не беше грешка вметнувањето на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот на ЕП, вели Вајц

Фото: МНТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести