Што ако можеш да добиеш банкарско искуство „од почеток до крај“, директно преку мобилниот телефон и без потреба од посета на експозитура? Што ако можеш да ги имаш сите банкарски услуги поврзани со твојата сметка 24/7 со само неколку допири на твојот телефон? Што ако можеш сè?
Благодарение на НЛБ, првата целосно „mobile first“ банка во земјата, сега навистина можеш сè! Сега со НЛБ Банка добиваш сеопфатно дигитално искуство преку твојот мобилен телефон. Практично, можеш да го започнеш и заокружиш целиот процес – од отворање на нова онлајн сметка, активирање на НЛБ мКлик и инстантно добивање на твојата картичка во дигитална форма – подготвена за употреба, па сè до целосно управување со сметката и сите твои финансии.
Преку својот мобилен телефон, клиентите можат да отворат и депозит, да активираат дозволено пречекорување, да аплицираат за добивање на картичка или да зголемат лимит на истата, да аплицираат за кредит. Едноставно, да управуваат со сите свои финансии, со исклучителна удобност и флексибилност, брзо, безбедно и ефикасно.
Живееме со пребрзо темпо, а времето за задоволства делува дека е сè пократко. Во ерата на брзи промени и постојани прилагодувања, мобилното банкарство и дигиталното финансиско управување нудат алатки неопходни за одржување на темпото, намалување на стресот и враќање на драгоценото време за животните задоволства.
ПР-објава













