Одземање на пратеничкиот имунитет на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, учесник во сообраќајна несреќа во која беа повредени 16-годишно момче, кое подоцна почина и 13-годишно девојче, кое беше повредено, може да инцира само надлежен орган, велат од Кабинетот на претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши.
Оваа реакција следи откако родителите на 13-годишното девојче го побраа тоа со писмо од Гаши, поради загриженост дека тој ќе ја злоупотреби функција за да влијае на судскиот процес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе остане ли пратеникот на Левица, Сашко Јанчев без пратенички имунитет?
Од Кабинетот на Гаши објаснуваат дека согласно Уставот и Деловникот на Собранието, постапка поврзана со евентуално одземање имунитет на пратеник може да биде иницирана исклучиво врз основа на официјално барање поднесено од надлежен државен орган и тоа во случаи кога се бара поведување кривична постапка, определување мерка притвор или извршување казна затвор кон пратеник.
-Собранието не поведува вакви постапки по сопствена иницијатива, ниту пак може да ги иницира врз основа на барања од поединци, организации или медиуми, велат од таму.
Гаши го проследил доставеното барање до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и до пратеникот Јанчев.
Јанчев во септември годинава во селото Марино, со своето возило „хјундаи тусон“ удри во мопед „јијинг“ управувано од момчето кое почина, а негова сопатничка беше повреденото девојче.
Повреден беше и сопатникот на Јанчев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина 16-годишното момче кое со мопед удри во џипот на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев
Фото: Собрание













