Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска изјави дека Бугарија е влезена во многу опасен наратив, кој е спротивен со стратешките интереси и на Европската унија (ЕУ) и на НАТО, а кој според него одговара на трети страни кои сакаат нестабилност во регионот.
– Сакам да ја повикам Софија да се однесува рационално, да не биде заглавена во ретроградните наративи кои што за жал одредени кругови во таа држава ги граделе по однос на македонското прашање историски наназад.
Ние не сме избрани од нашите граѓани и немаме легитимитет да ја судиме и анализираме, тоа е работа на историчарите и академиците. Ние сме избрани да носиме раст и развој.
Она што го прави Софија во последниот период, оној експлицитен обид од кој стравуваме и со сите наши силе се спротивставуваме за редефинирање на нашиот идентитет е ретрограден, не му користи на регионот и на народите на двете земји, кои за жал поради таквиот однос се се повеќе оддалечени едни од други, рече Муцунски.
За обвинувањата од страна на бугарските власти дека во Македонија постои говор на омраза, тој рече дека кај нас не постои такво нешто.
-Доколку некој за таков ја смета нашата потреба од афирмација на македонскиот јазик и идентитет, тогаш проблемот е поголем и од она што ние мислиме дека го имаме како проблем, кажа тој, подвлекувајќи дека никаде во официјални изјави на високи претставици на Македонија, не видел ни една изјава со било каков говор на омраза, а детално ги следел сите.
Посочи и дека кај огромно мнозинство земји во ЕУ има силно разбирање за длабоките фрустарации на македонскиот народ и македонската држава на нашиот евроинтегративен пат, како и дека постои свест за тоа дека она што и случува на Македонија не придонесува за легитимитетот на полтиката на проширување.
-Ние сакаме пат напред кон ЕУ. Да дискутираме за компромис, но сакаме да дискутираме и за предвидливост односно гаранции по хипотетичко согласување за некој компртомис. Затоа велиме имаме неколку многу јасни црвени линии од кои нема да отстапиме.
Тие се поврзани со примарно со јазикот, со идентитетските обележја, вклучувајќи ја и потребата од афирмација на нашето културолошко и историско минато, академската слобода за секоја дискусија по тоа прашање, и секако да не дозволиме и да се игнорира фактичката состојба односно очигледните прекршувања кои нашиот сосед Бугарија ги прави во почитување на принципите кои произлегуваат од меѓународното јавно право, а за кои тие имаат обрска да ги имплементираат, рече тој, посочувајќи дека мисли на пресудите на Европскиот суд за човекови права за Македонците во Бугарија.
-Не може наш сосед, бидејќи тој е сега земја членка на ЕУ, да го користи тоа како своја алатка за редефинирање на нашиот национален идентитет. Срамота е тоа да се прави во 21 век. Затоа повикуваме на рационалност и свест за одговорноста за која сите заедно ја имаме кон нашиот регион и нашиот континент, рече министерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Помина Извештајот на ЕП за Македонија, не помина амандман пред македонски јазик да стои „модерен“
За поминувањето на Извештајот за Македонија на Европскиот парламент (ЕП) во првата фаза, рече дека тоа е историски момент, но не и момент за триумф, подвлекувајќи дека не се знае каков ќе биде истиот на крајното гласање на пленарна седница на ЕП, кое треба да се случи следниот месец.
-Тука треба да бидеме искрени, и затоа тоа го кажав претходно. Ние не сме земја членка на ЕУ. Како што не сме претставени во извршниот дел на ЕУ, тука мислам извршни надлежности помеѓу Советот и Комисијата, така и во законодавниот дел. Знаеме добро, немаме европратеници внатре.
Но, истовремено факт е дека имаме комуникација со многу наши пријатели, пријатели на регионот, пријатели на Европа, бидејќи секој којшто сака успех на нашиот пат кон полноправно членство е на крајот на денот пријател на Европа.
Тоа е процес којшто е значен за нас, и за самата ЕУ за затворање на тој вакум којшто постои од гледна точка на Западен Балкан. Ние со нашиот ангажман како Влада, премиерот, претседателката, јас како министер, и други наши колеги, ќе направиме се што можеме да упатиме на разум и свест во рамките на европските институции, рече тој.
-Наше е да продлжиме со нашите јасни ставови, за да никој, и во рамките на ЕУ нема дилеми околу нашите позиции.
Да зборуваме за каква би била штетата доколку се дозволи ЕП да навлезе во процес на создавање на нов македонски идентитет, модерен македонски идентитет, и колку самиот тој чин не е соодветен за самата ЕУ, односно сето она позади зад што таа стои доколку и ги погледнете нејзините основачки договори, доколку ги погледнете дејствијата коишто таа постојано ги презема за почитување на различностите, за почитување на различните идентитетски обележја и културолошки разлики коишто ги има во рамките на ЕУ, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Политичари растрчајте се за Извештајот на ЕП за Македонија, не замарајте со глупости
„Модерна“ ЕУ има проблем со македонскиот идентитет и јазик
Фото: МНР