Сопственикот на фаст фуд ланецот Baking Bread од Скопје, Мише Цвејевски, на својот вработен Антонио Атанасовски му подари автомобил и предизвика лавина од позитивни реакции на социјалните мрежи.
Во Македонија многу ретко вистински се вреднува работата на вработените, од кои најмногу зависи просперитетот на една фирма, па затоа и овој чин наиде на многу позитивни реакции.
-Шупе не е само дел од Baking Bread, Шупе е дел од приказната.
Од почетокот, кога немавме ништо, до денес кога стоиме позади нешто големо.
Гинеше со мене кога беше најтешко. За ништо никогаш не ме одби и не кажа не. Никогаш ништо не побара, а даваше сè за фирмата.
Некогаш е Шупелка и ме нервира, ама тоа е нормално😄.
Ова не е поклон, ова е твоја лична заслуга. Ова е фала од мене за сите години лојалност и труд во Baking Bread, напиша Цвејевски на Инстаграм.
Фото: Инстаграм














