Состојбата на девизниот пазар е стабилна, велат од Народна банка

Состојбата на девизниот пазар и натаму е стабилна, оценуваат од Народна банка.

„Нивото на девизните резерви на крајот на мај изнесува 4.691,1 милион евра, што е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута.

Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со втората декада од мај упатуваат на солидни нето-приливи од приватните трансфери за вториот квартал, додека трговскиот дефицит остварен во април засега е малку понизок од оцените за вториот квартал.

Тековите во билансот на плаќања во првиот квартал од 2025 година се главно во рамките на очекувањата,“ велат од Народна банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девизните резерви на Македонија 4,6 милијарди евра

Растот на цените ја забрзаа инфлацијата во мај, оценуваат од Народна банка

Основната каматна стапка останува непроменета

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести