Министерство за внатрешни работи на Србија, соопшти дека две непознати лица со закани со нож и огнено оружје, го киднапирале Даниел Кајмакоски во раните утрински часови во Белград и се обиделе да изнудат пари.
Возилото било сопрено на територијата на општина Рума, во кое оштетениот бил затекнат со врзани раце. Киднаперите успеале да побегнат во непознат правец.
„Оштетениот е згрижен, на местото на настанаот беше извршен увид, а полициските службенции ја продолжија потрагата по извршителите. Вишото јавно обвинителство во Белград, изврши квалификација на кривичното дело киднапирање, и понатаму се работи на расветлување на случајот,“ соопштија од МВР на Србија.
Како што се наведува, акцијата за сопирање на возилото била во координација на повеќе надлежни служби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото/Unsplash














