Стопанска банка АД Битола и официјално има нов сопственик – српската Алта банка АД Белград. Комисијата за хартии од вредност (КХВ) донесе решение за утврдување на успешноста на понудата за преземање на македонската банка дадена од Алта банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стопанска банка Битола доби нов сопственик – Алта банка
Алта банка се стекна со вкупно 345.175 обични акции, кои преставуваат 88,2852% од вкупниот број на обични акции на Стопанска банка Битола.
Заедно со другите акции кои Алта банка преку Алта груп веќе ги поседуваше во Стопанска банка Битола, како што веќе пишуваше еМагазин, српската банка сега поседува 93,2571% од акциите на Стопанска банка Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работи Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола
Која е Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола
Фото: Алта банка