Стопанска банка Битола ќе се преименува во Алта банка

Стопанска банка АД Битола, која неодамна доби нов сопственик – српската Алта банка АД Белград, ќе се преименува во Алта банка АД Битола.

Оваа стои во предлог одлуката за изменување и дополнување на Статутот на Банката, која ќе се најде на престојното Собрание на акционери на Банката, кое ќе се одржи на 12. декември, за која Банката информираше преку Македонската берза.

Предлог одлуката е поради тоа што Алта банка, заедно со поврзаните лица (Алта груп) поседуваат 93,2571% од вкупниот број издадени акции на Стопанска банка Битола, но и заради измените на Законот за банки.

Стопанска банка Битола ќе добие ново име откако ќе добие согласност од Извршниот одбор на Народната банка и од Собранието на акционерите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работи Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола

Која е Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола

(Фото) Алта банка која сака да ја купи Стопанска банка Битола ќе гради кула „Алта“, каде ќе и биде новото седиште

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести