„Support Kocani“ исплатија 15.000 евра за компресивна облека, средства целосно обезбедни од донации

Здружението на граѓани Супортко ја исплати првата фактура за компресивна облека наменета за повредените лица од трагичниот настан во Кочани, во износ од 923.458 денари, информираат од таму.

„Средствата за оваа набавка беа целосно обезбедени преку донации. Компресивната облека е нарачана и се очекува да пристигне во Кочани околу 16. јуни. Покрај тоа, веќе се обезбедени средства и за втора тура компресивна облека. На 16 и 17. јуни, во Кочани повторно ќе пристигнат експерти од Бугарија кои ќе започнат со процесот на земање индивидуални мерки за новата нарачка“, велат од „Support Kocani“.

Од таму упатија голема благодарност до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои одобрија значителен попуст во вредност од 19.600 лева, со што овозможија оваа неопходна медицинска помош да стигне до што поголем број на повредени.

„Иако некои процеси бараат време, ова е доказ дека кога има волја – има и начин. Ви благодариме на сите вас – граѓани, пријатели, и непознати хумани срца – што покажавте што значи вистинска солидарност. Вашата поддршка продолжува да прави разлика,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата „ја смирува топката“ со кочанчани

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести