„Светот на Биби“ и DexyCo го претставуваат новиот анимиран серијал „The Toothstars“ наменет за глобалниот пазар

„Светот на Биби“ започнува ново, значајно поглавје. По години посветеност и создавање детска едукативна содржина која веќе го освојува регионалниот пазар.

Новиот анимиран серијал насловен „The Toothstars“ е развиен од InnovaRights & Licensing – партнерска компанија основана од DexyCo и „Светот на Биби“, специјализирана за создавање, лиценцирање и интернационализација на детски брендови.

Соработката претставува силен исчекор кон глобален пазар и поставува нови стандарди во регионалната продукција на детска анимација.

На големото платно во киното Cineplexx, денеска ексклузивно беше промовирана пилот-епизодата од новиот анимиран серијал, кој е планирано да се развие во 13 епизоди со траење од по 11 минути.

Целосната продукција се реализира во Македонија од студиото за анимација Toon Motion Studios – истиот креативен тим кој стои зад содржините од „Светот на Биби“.

Серијалот „Тhe Toothstars“ е осмислен така што лесно комуницира со меѓународната публика и истовремено содржи вредности и теми значајни за развојот на децата. Ова 11-минутно анимирано остварување раскажува мала, но внимателно замислена приказна што природно ги спојува забавата, учењето и детската љубопитност, носејќи свежина и креативност на малите екрани, воведувајќи нов свет, нова магија и нова генерација јунаци.

Атмосферата во кино-салата беше навистина волшебна – смеа, воздишки и воодушевувања го исполнија просторот, а присутните уживаа во секој кадар, во секоја авантура на хероите и во секој детал од внимателно создадената анимација.

Премиерата претставуваше одлична можност да се погледне пилотот, да се запознаат креаторите и партнерите зад проектот, и да се сподели процесот – од идеја, преку развој, па сè до финалната анимација. Настанот е замислен како средба на сите што веруваат дека квалитетната детска содржина е повеќе од забава – таа е инвестиција во знаење, креативност и иднина.

Овој проект претставува важен чекор за домашната и регионалната анимација, докажувајќи дека со визија, тимска работа и силни партнерства можат да се создадат проекти кои достојно стојат покрај светските анимирани продукции.

Со оваа премиера, „Светот на Биби“ ја поставува основата за нови приказни, нови пазари и нови успеси — чекор поблиску до глобалната сцена.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести