
Сиљановска-Давкова: Имаме обврска да градиме општество во коешто трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод Меѓународниот ден на трудот 1. Мај вели дека денешниов празник е доказ дека решителниот работнички бунт за осумчасовно работно време, кренат во Чикаго од над 10.000 работници во 1886 година, и по повеќе од еден век, сè уште ги инспирира и повикува на единство



















