Колку заработува Охрид од користењето на плажите

Од уредувањето и користењето на плажите на Охридското Езеро, Општината Охрид и Јавното претпријатие “Охридски комуналец“ годишно заработуваат околу 700.000 евра.

Информацијата ја соопшти градоначалникот на Општината, Кирил Пецаков за поткастот „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“ на Скопје1.мк.

Пецаков вели дека овие пари Општината не ги заработува од класична концесија на плажите, туку од закуп на простор на кој се поставува урбана опрема.

Парите како што кажа се користеле и за раздолжување на Општината.

Вели дека Општината која со години работеше со загуба, (а имаше и блокирана сметка), сега работела со добивка и дека капиталните вложувања во последните две години достигнале околу 16 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договор од 611 илјади евра склучи Општина Охрид со „Илинден“

Договор од 562,7 илјади евра склучи Општина Охрид со “Илинден“

Договор од 990,2 илјади евра склучи Општина Охрид со „ГДИ„

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести