Арлинда Хасани Синани од Тетово е предлогот кој до македонското Собрание го испратил гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, за нов вицегувернер на Банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Арлинда Хасани Синани, која е предложена за вицегувернер на Народната банка
Таа треба да дојде на местото на Фадил Бајрами, кој на оваа позиција е над 20 години.
Предлогот на Славески треба да биде изгласан во Собранието.
Хасани Синани според нејзината биографија работи во банкарскиот сектор околу 22 години. Моментално работи во Стопанска банка АД Скопје. Таму е регионален директор за северозападниот регион.
Претходно работела и во Прокредит банка АД Скопје.
Моментално вицегувернери се и Ана Митреска и Игор Величковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Ана Митреска, која е реизбрана за вицегувернер на Народната банка
Каков имот пријавила Ана Митреска, која е реизбрана за вицегувернер на Народна банка
Кој е Игор Величковски, кој е избран за вицегувернер на Народна банка














