Вчера во македонското Собрание, Ана Митреска и Игор Величковски беа избрани за вицегувернери на Народната банка.
Двајцата беа предлог на гувернерот на Народна банка, Трајко Славески.
Тие ќе бидат на оваа функција седум години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка
Која е Митреска
Таа е актуелна вицегувернерка и оваа и е втор мандат на оваа функција.
Митреска е магистер по монетарна економија.
Во Народната банка работи 25 години.
Од 2011 година ја предводи Дирекцијата за монетарна политика и истражување.
Претходно била и заменик-директор и истражувач во Народна банка.
Првпат беше избрана на оваа функција во 2018 година.
Има значаен придонес во активностите поврзани со макроекономските анализи, среднорочните проекции и истражувачката работа на Народната банка, каде исто така активно е вклучена во комуникацијата со меѓународните финансиски институции и агенциите за кредитен рејтинг.
Авторка е на повеќе научни и стручни трудови од областа на монетарната и фискалната политика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Ана Митреска, која е реизбрана за вицегувернер на Народна банка
Кој е Игор Величковски, кој е избран за вицегувернер на Народна банка
Каков имот пријавил гувернерот на Народна банка, Трајко Славески
Фото: Народна банка














