Македонија ќе купува течен природен гас од САД.
Оваа меѓу друго стои во заедничката изјава на владите на земјава и САД по одржувањето на втората сесија од Стратешкиот дијалог помеѓу двете земји што се одржа во Вашингтон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои министри се во Вашингтон: Нова сесија од стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД
-Соединетите Држави го поздравија потпишувањето на Меморандумот за разбирање за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас на Северна Македонија, како билатерален аранжман насочен кон зајакнување на отпорноста на пазарот на природен гас, преку купување течен природен гас од Соединетите Држави, како и кон консолидирање на енергетската безбедност, стои во изјавата.
Стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД е воспоставен во 2022 година и е формална рамка за долгорочна соработка на највисоко ниво.
Главните области на соработка се безбедноста и одбраната, енергетиката, економијата и инвестициите, владеењето на правото и геополитиката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
5 милиони евра од САД за ископувањето на реткиот антимон во Македонија
Кој го сака реткиот металоид антимон од кривопаланечкото село Луке
Фото: Унсплеш














