Американската владина агенција U.S. International Development Finance Corporation (DFC) ќе додели помош од 5 милиони долари за повторно отпочнување на ископувањето на антимон во Македонија, стои меѓу друго во заедничката изјава на владите на земјава и САД по одржувањето на втората сесија од Стратешкиот дијалог помеѓу двете земји што се одржа во Вашингтон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој го сака реткиот металоид антимон од кривопаланечкото село Луке
Антимонот е редок металоид, кој се нарекува и „злато на новото време“, а ќе се ископува од Pela Global Limited, австралиска фирма која работи на проекти за рударство и обновлива енергија низ Југоисточна Европа, во близина на кривопаланечкото село Луке.
Договорот за финансиска поддршка во Вашингтон беше потпишан помеѓу Конор Колман, раководител на инвестиции во DFC, и Ник Јовановски, извршен директор на Pela Global Limited, кој по потекло е Македонец кој живее во Австралија.
Антимонот кој ќе се ископува во земјава ќе се обработувал во топилница која би се градела во американската сојузна држава Оклахома, најави премиерот Христијан Мицкоски, а информацијата ја добил од инвеститорот.
Во 60-тите и 70-тите години од минатиот век се копало и преработувало антимон во рудникот Крстов Дол, кој се наоѓаат на околу 20 километри од Крива Паланка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија ќе купува течен природен гас од САД
Кои министри се во Вашингтон: Нова сесија од стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД
Фото: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини














