Од Министерството за одбрана информираа дека во моментов во процес на набавка се 16 договори на Македонија со САД кои вклучуваат опрема за различни видови одбранбени капацитети.
Од таму велат дека согласно стратешките документи и Долгорочниот план за развој на одбранбени способности, земјава разгледува дополнителни можности за “континуиран и значаен развој на соработка со САД“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Македонија ги покажа новите лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
Министерот за одбрана Владо Мисајловски е во македонскиот тим, кој во Вашингтон, САД, е дел од сесиите од стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД, па информацијата беше споделена во тој контекст.
Една од темите е токму безбедноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои министри се во Вашингтон: Нова сесија од стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД
Во последните 30 години преку програми за безбедносна соработка на САД кои опфаќаат активности меѓу кои и грантови, заеми, набавки и друго за сојузничките земји, се имплементирани околу 70 аквизициски проекти за потребите на македонската Армија.
Дополнително, реализирани се голем број на заеднички вежбовни активности, обука, тренинг и едукација за персоналот во Министерството за одбрана и Армијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој го сака реткиот металоид антимон од кривопаланечкото село Луке
Фото: МО














