Кој го сака реткиот металоид антимон од кривопаланечкото село Луке

Вчера во Вашингтон започна новата сесија од стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД, а од земјава на истиот присуствуваат неколку министри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои министри се во Вашингтон: Нова сесија од стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД

Прашан за темите кои ќе бидат на маса, премиерот Христијан Мицкоски, меѓу друго рече дека една од најзначајните вести од дијалогот е промоцијата на голема инвестиција во рударскиот сектор во Македонија.

Станува збор за експлоатација на реткиот металоид антимон, кој се нарекува и „злато на новото време“, а кој според него ќе се ископува од приватен инвеститор во близина на кривопаланечкото село Луке.

Тој рече дека истражувањата на терен биле при крај и наскоро очекува да почнат ископувањата на рудата, која ќе се извезувала во САД.

-Од инвеститорите ја добив информацијата дека топилницата би се градела во Оклахома (сојузна дражава во САД, н.з.). Со тоа се добива еден заокружен циклус. Ова е нешто што е многу важно за македонската економија и за нас како граѓани, рече тој.

Во 60-тите и 70-тите години од минатиот век се копало и преработувало антимон во рудникот Крстов Дол, кој се наоѓаат на околу 20 километри од Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во моментов во процес на набавка се 16 договори на Македонија со САД за опрема за различни видови одбранбени капацитети

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести