Кои министри се во Вашингтон: Нова сесија од стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД

Македонија и САД денеска во Вашингтон ќе одржат нова сесија од стратешкиот дијалог, воспоставен во 2022 година.

Таму се министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Домаќин пак ќе им биде заменикот-државен секретар на САД, Кристофер Лендау.

Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД е формална рамка за долгорочна соработка на највисоко ниво.

Главните области на соработка се безбедноста и одбраната, енергетиката, економијата и инвестициите, владеењето на правото и геополитиката.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести