(Видео) Испишана историја: Човекот отпатува најдалеку од Земјата

Астронаутите на американската Национална аеронаутичка-вселенска управа (НАСА) од мисијата Artemis II испишаа историја.

Тие се одалечија 406.771 километри од Земјата и го срушија рекордот на мисијата Apollo 13 од 1970 година.

НАСА постави и нов технолошки рекорд – испрати електронска порака до екипажот во кој се Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен.

Леталото со кое патуваат, Orion, откако орбитираше околу Месечината, сега се враќа кон Земјата, а треба да стигне во петок.

Цел на мисијата е враќање на човекот на Месечината, воспоставување долгорочно присуство и подготовка за идни мисии кон Марс.

Фото/видео: НАСА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести