Членови на менаџментот на Алкалоид купија нови акции на компанијата

Од Алкалоид АД Скопје преку Македонската берза информираа дека членови на менаџментот купиле нови акции на компанијата.

Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор (УО) и генерален директор на Алкалоид купил нови 200 акции и сега поседува 131.500 обични акции, или 9,19% од вкупниот број.

Виктор Стојчевски, член на УО и директор на Финансии, купил нови 200 акции и сега поседува 0,72% од вкупниот број.

Оливера Панева, член на УО и одговорна за обезбедување квалитет и за интегрираниот менаџмент-систем на Алкалоид на корпоративно ниво купила нови 150 акции и сега поседува 0,04% од вкупниот број.

Купувањето на акции од страна на менаџментот на компанија покажува дека тие веруваат во нејзиниот бизнис и перспективи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се движела цената на акцијата на Алкалоид лани

Што предвидува бизнис-планот на Алкалоид за 2026

Алкалоид ќе исплати за 14,3% поголема дивиденда во однос на лани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести