Алкалоид ќе исплати за 14,3% поголема дивиденда во однос на лани

Алкалоид АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, булевар Александар Македонски бр. 12, Скопје.

„Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720 денари бруто односно 648 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630 денари бруто односно 567 денари нето е поголема за 14,3%.

За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари.

Во согласност со Предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година,“ информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што предвидува бизнис-планот на Алкалоид за 2026

Како се движела цената на акцијата на Алкалоид лани

Алкалоид лани со инвестиции од 18 милиони евра и 54 нови вработувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести