Менди Ќура, градоначалникот на Општина Струга е во фокусот на јавноста откако од Министерството за внатрешни работи (МВР) заработи кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична за градоначалникот на Струга
Според МВР, истата ја заработил бидејќи назначил директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Струга, без соодветно образование и без сертификат за англиски јазик.
Осомничен е за кривичното дело несовесно работење во службата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Менди Ќура, градоначалникот на Струга, кој заработи кривична
Кој е Ќура
Роден е на 19. февруари 1960 година во селото Биџево, Општина Струга.
Во 1985 година дипломирал на Универзитетот во Приштина, на насоката агрономија, а магистерските студии по економија ги завршил на Универзитетот во Загреб во 1991 година.
Бизнисмен и политичар
Од 1992 година е основач и извршен директор на компанијата „Trim & Lum“.
Во текот на својата професионална кариера извршувал раководни функции во секторите на хотелиерството и осигурувањето, меѓу кои – директор на хотелот „Изгрев“ – Струга и на компанијата „Signa Insurance“.
Во 2015 година го основал фудбалскиот клуб „Струга“, каде што ја извршува функцијата претседател.
Во периодот од 2022 до 2025 година ја извршуваше функцијата претседател на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, а претходно беше коосновач и член на Сеалбанскиот економски форум.
Во јули 2025 година го основал хотелот „Ëmbla“.
Од ноември лани е градоначалник на Општина Струга.
Како што стои во неговата биографија неговата нето плата, во износ од 122.045 денари, “се користи за директна поддршка на граѓаните на кои им е потребно, вклучително и семејствата од ранливи социјални категории и децата со посебни потреби“.
Приватно
Ќура е во брак и е татко на три деца.
Фото: Општина Струга














