(Видео) “Ме осудија за да ми го земат бизнисот“: Од Бугарија се огласи Симеон Михаилов, кој Македонија го бара и за обид за убиство

На Фејсбук од Бугарија преку видео се огласи Симеон Михаилов, од Кочани, кој има и бугарско државјанство, а за него Македонија има меѓународна потерница и бара негова екстрадиција.

Тој е осуден на 12,5 години затвор како соизвршител во злосторничкото здружување, за обид за убиство и за насилство.

Во обраќањето на бугарски јазик тврди дека бил жртва на монтиран процес, дека истиот бил покренат за да му биде одземен успешен бизнис со казина, дека лажно бил обвинет за перење пари и подметнување бомба и дека за тоа надлежните органи во Македонија немале никакви докази.

Вели и дека зад тоа стоел поранешниот прв човек на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

Инаку тој е осуден за обид за убиство на телохранителот на Мијалков, Драганчо Стоименов.

Тој е татко на Ива Михаилова од Кочани, која исто така има и бугарско државјанство, а на која во моментов и се суди за учество во сообраќајна несреќа во која загина човек. И таа тврди дека е невина, а бугарските медиуми и политичари го драматизираа нејзиното судење.

Видеото од обраќањето на Михаилов ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе го екстрадира ли Бугарија Симеон Михаилов, кој во Македонија е осуден и за обид за убиство

Фото: БТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести