Универзалната сала во Скопје конечно ќе почне да се гради, најавија од Министерството за култура и туризам.
Од таму велат дека е остранета последната пречка за нејзина реконструкција, откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одбила како неоснована жалбата на економскиот оператор и го потврдила изборот на најповолна понуда.
Предвидено е реконструкцијата да се заврши до декември следната година, а проектот ќе се реализира по принципот „клуч на рака“.
Како што е познато реконструкцијата ќе ја прави „Универзал Балкан“ ДОО Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Избран изведувачот за реконструкција на Универзалната сала, еве како треба да изгледа
Фото: МКТ














